Top Sport

Тибо Пино ја освои Ломбардија за крај на велосипедската сезона

Французинот Тибо Пино стигна до својата втора победа во само три дена во Италија, со соло триумф на Ил Ломбардија, трката со која традиционално се става крај на официјалната велосипедска сезона.

Французинот, кој во средата победи на Милано-Торино трката, беше најбрз од групата од четири лидери во која беа Винченцо Нибали, Примож Роглич и Еган Бернал за да триумфира во финишот на езерото Комо.

Актуелниот шампион Нибали заврши како втор по храбриот напад во последните километри, додека Дилан Тојнс го освои третото место. Во 2018 година, водечката четворка Нибали/Роглич/Бернал/Пино имаше катастрофална година – Пино доби пневмонија на Џирото, Нибали беше „соборен“ од камерата на еден навивач на Тур де Франс, Роглич падна на трката од светскиот шампионат, доедка Бернал неодамна се врати на велосипед по страшниот пад на Класика Сан Себастијан.

На крајот 28-годишниот Пино беше најсилен за најголемата победа во својата кариера со 32 секунди предност.

Scroll to Top