Top Sport

Тим Хенман: Федерер е најчудесниот играч што сме го имале!

Легендарниот британски тенисер, Тим Хенман смета дека Роџер Федерер се враќа на теренот само за да освои уште некој голем трофеј.

„Порано нивото на Роџер Федерер беше високо, така што тој се враќа само поради броеви. Тој се враќа за да се натпреварува и да ги освојува најголемите турнири, а тоа нема да биде лесно затоа што му се доближува 40-тиот роденден. Сепак, тој е неверојатен работник“ – изјави Хенман за „Форбс“.

Од понеделник Швајцарецот ќе биде шести на АТП листата, ќе го „претрка“ Стефанос Циципас. Инаку, минатата година Федерер беше прв на листата на најплатени спортисти во светот.

„За мене тој е најчудесниот играч кој некогаш сме го имале во нашиот спорт. Тенисот е благословен што има икони како Федерер, Надал, Ѓоковиќ, Серена Вилијамс. Тие се најголемите ѕвезди, имаме среќа, но тие нема засекогаш да се тука. Важно е да уживаме додека се уште се тука“ заклучи Хенман.

Scroll to Top