Top Sport

Тим ќе го наследи „Кралот на земјената подлога“

Тони Надал, стрико и поранешен тренер на Рафаел Надал, смета дека Доминик Тим е легитимен наследник на „Кралот на земјената подолга“. Тим досега во кариерата има освоено 16 трофеи. Во изминатите две сезони два пати играше во финалето на Ролан Гарос и два пати беше поразен.

„Тешко е дека на светот ќе му се случи уште еден Рафа Надал. Во надобра позиција да го замени Рафа е Доминик Тим, има игра за земјената подлога. Се надевам само дека нема оваа година да го замени Надал, се надевам дека Рафа ќе победува, но исто така се надевам дека Тим ќе биде неговиот наследник“, рекол Тони Надал.

Тим, во јануари, играше во финалето на Австралија опен. Во пет сета беше поразен од Новак Ѓоковиќ.

Scroll to Top