Австрискиот тенисер Диминик Тим го потврди учеството на Ју-Ес опен. Според планот на организаторите гренд-слемот во Њујорк ќе се игра од 31 август до 13 септември.
Третиот светски рекет за американските медиуми рекол дека ќе го прескокне турнирот во Вашингтон кој започнува на 14 август, но го потврдил учеството на мастерсот во Синсинати (22 август) и Ју-Ес опен.
На Ју-Ес опен најверојатно нема да учествува бранителот на трофејот Рафаел Надал, додека под знак прашалник е учеството на Новак Ѓоковиќ.