Top Sport

Тим лесно против Чекинато за прво гренд слем финале

Доминик Тим продолжи со растот кон светскиот тениски врв, откако ја прекина низата од соништата на Италијанецот Марко Чекинато победувајќи со 7:5/7:6(10)/6:1 за финале на Франција опен, негово прво големо во кариерата

Седмиот носител станува првиот Австриец до гренд слем финале откако Томас Мустер победи на Ролан Гарос во 1995 година. За титула тој ќе се бори против 10-кратниот шампион Рафаел Надал или аргентинскиот петти носител Хуан Мартин дел Потро.

Чекинато, кој е на 72. место на АТП листата и пред овој турнир немаше ниту една гренд слем победа во кариерата, играше бестрашно и ги искористи сите свои најдобри удари, но откако ги загуби првите два тесни сета, неговата игра се распадна и Тим стигна до победта.

24-годишниот Тим е најмладиот финалист во Париз по Надал, и сега ќе се обиде да го повтори успехот од Мадрид, каде што успеа да го порази Надал првпат во кариерата.

Фото: ЕПА

Scroll to Top