Дајана Јастремска, 18-годишната Украинка ја совлада Ванг Кијанг со убедливи 6:2/6:1 за да ја освои својата прва ВТА титула на Хонгонг опен
Од светската тенисерка број 102. се очекува да биде една од најдобрите тенисерки во иднина, и против Кијанг, највисокорангираната Кинеска, која оваа година освои две титули, таа покажа фантастична агресивност, водејќи од стартот до финишот на мечот. Јастремска е само втората тинејџерка со трофеј во 2018 по Србинката Олга Даниловиќ (ќерката на славниот Саша Даниловиќ).
По неколку задржани гемови во првиот сет, Јастремска направи два брјека за да го освои сетот, по што во вториот сет имаше уште полесна работа за да ја запечати титулата.
Фото: ЕПА
The incredible winners continue from Yastremska! ? #PHKTO2018 pic.twitter.com/3ofwMu6iEC
— WTA (@WTA) October 14, 2018