Две тинејџерки, 17 годишните Ига Швјонтек и Аманда Анисимова, во четвртокот, ги забележаа своите најдобри резултати на Ролан Гарос. Тие лесно ги минаа своите противнички и се пласираа во третото коло.
Ига Швјонтек од Полска ја декласира 16 носителка на турнирот Кјанг Ванг. Таа за само 54 минути игра го доби мечот со 6:3, 6:0.
Во наредното коло Швјонтек, која е 104 на ВТА листата, ќе игра против победничката од дуелот помеѓу Дариа Касаткина (Русија) и Моника Пуиг (Порторико).
Во третото коло ќе игра и Американката Аманда Анисимова која ја совладаа 11 носителка Арина Сабаленка од Белорусија. За 75 минути игра Анисимова славеше со 6:4, 6:2.
Наредна противничка на Анисимова ќе биде подобрата од мечот помеѓу Бегу и Мухова.