Top Sport

Титулата се поблизу – Погачар прв низ целта на 18. етапа на „Тур д`Франс“

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар триумфираше и на 18. етапа на „Тур д`Франс“, па сега има повеќе од 5 минути предност пред најблискиот ривал во генерален пласман.

Во последните 3 етапи младиот Словенец треба да избегнува инциденти и речиси сигурно ќе триумфира на трката низ Франција.

Велосипедистот на „Емирати“ низ целта помина со време 3:33:45 часа.

По него второ време имаше Норвежанецот Јонас Вингегард со време 3:33:47, а трет трката ја заврши Ричард Карапас.

Во генерален пласман Погачар има 5 минути и 45 секунди предност пред Вингегард.

Утре на програмата е 19. етапа која ќе се вози од Муранс до Либурн во должина од 207 километри.

Scroll to Top