Top Sport

ТИУ: 86 тениски мечеви се под истрага

Тениската единица за интегритет во тенисот (ТИУ) објави дека примила жалби за дури 86 тениски натпревари. Мечевите биле одиграни во периодот од април до јуни 2018 година. Оваа бројка е значително поголема во истиот перид во 2015, 2016 и 2017 година.

Вториот тениски квартал е најинтересен бидејќи се играат голем број на мечеви, а во тој период се и двата гренд слема, Ролан Гарос и Вимблдон.

Еден од мечевите кој ќе ги истражува ТИУ е одигран ан Вимблдон, а во прашање е пресметката во двојки, дуелот Марер/Вердаско и Маер/Соуса.

Воедно четири од спорните мечеви се одиграни на АТП турнирите, два на ВТА, 14 се одиграни на „челинџерите“.

„Имав интервју со луѓето од ТИУ, поврзано со обложувачките активности на Вимблдон. Во прашање беа дубловите. Го поддржувам ТИУ, бидејќи секогаш сум бил за интегритет во тенисот“, рекол Фернандо Вердаско, еден од тенисерите кој е под истрага.

Scroll to Top