Рафаел Надал покажа зошто многумина го сметаат за најдобар тенисер во историјата (дури и пред Федерер и Ѓоковиќ), откако го прифати предизвикот од поранешниот гренд слем шампион, а сега ТВ-коментатор, Џон Мекинро за уфрлање на топче преку прозорецот на неговото студио на стадионот „Артур Еш“ во Њујорк.
Полуфиналистот на САД опен го прифати предизвикот со насмевка на лицето, и го испорача бараното. Надал по седми пат едноподруго е во гренд слем полуфинале.
There’s a reason they call it a BULLSeye, right @RafaelNadal? ???#USOpen pic.twitter.com/BQWMzSzGBH
— US Open Tennis (@usopen) September 5, 2019