Top Sport

Томи Пол во Стокхолм стигна до првата АТП титула во кариерата

Американскиот тенисер Томи Пол (52. светски тенисер) го освои АТП турнирот во шведски Стокхолм откако во финалето беше подобар од Денис Шаповалов (18. на АТП листата) од Канада со 2-1 (по сетови 6:4, 2:6, 6:4).

Во првиот сет имаше само еден брејк. Пол во петтиот гем успеа да му земе сервис на противникот.

Сепак канадскиот тенисер во вториот сет двапати земаше поен на сервис на противникот, па мораше мечот да се одлучува во трет сет.

Таму Американецот во деветтиот гем успеа да стигне до брејк, па во следниот гем отсервира за победа.

Ова е прва титула за 24-годишниот Пол во кариерата.

Scroll to Top