Top Sport

Тони Надал: Федерер нема да освои нова гренд слем титула

Чичкото и поранешниот тренер на Рафаел Надал, Тони Надал смета дека Роџер Федерер нема да успее да освои уште една гренд слем титула во кариерата.

Швајцарецот го крена трофејот од Австралија опен оваа сезона за јубилејна 20. гренд слем титула во неговата кариера кога го победи Марин Чилиќ, меѓутоа веќе има 37 години и колку да се труди, неизбежно е да дојде во пад на формата.

„Не сум сигурен околу тоа што можеме да очекуваме во 2019 година, меѓутоа ќе биде многу, многу тешко Федерер да освои нов гренд слем трофеј. Морам да признаам дека тоа сум го кажал и порано и тој постојано ме изненадуваше, но овојпат мислам дека сум во право“, вели Тони Надал во колумната за весникот „Ел Паис“.

Една од причините поради кои Надал сениор го мисли тоа е физичкиот напор кој го носат мечевите во пет сета, но и враќањето во формата на Новак Ѓоковиќ и на неговиот внук, Рафа.

Scroll to Top