Top Sport

Тони Надал: На Рафа секогаш Ѓоковиќ му беше потежок противник од Федерер

Долгогодишниот тренер на Рафаел Надал, неговиот чичко Тони Надал смета дека неговиот внук отсекогаш имал повеќе проблеми со Новак Ѓоковиќ, отколку со Роџер Федерер.

Надал против Федерер има 23 победи и 15 порази, а против Ѓоковиќ има 23 победи и 25 порази.

„Најкомплициран ривал му е Ѓоковиќ, барем по мое мислење. Отсекогаш чувствував дека е потешко да се победи Новак отколку Роџер. Ѓоковиќ секогаш прави се како што треба, има врвна одбрана и напад, постојано е натпреварувачки настроен и затоа секогаш сум сакал максимум од Рафаел“ вели Тони Надал.

На почетокот на 2017 година Федерер повторно воспостави контрола во мечевите против Надал и доби четири меча во низа.

„Долго време играта на Федерер беше конфорна за Рафа, но тогаш Швајцарецот ја промени тактиката, стана поагреивен, поените ги заврза и не му дозволи на Рафа да игра тенис. Правеше помалку неизнудени грешки и мечевите зависеа од него“ – смета Надал.

Scroll to Top