Чичкото на Рафаел Надал, Тони, рекол дека Рафа имал среќа што Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј порано ја завршиле сезоната, што му помогнало полесно да дојде до првото место.
„Вистина е што оние кои беа пред нас не беа тука (Новак и Енди), така што тоа беше мала помош“, изјавил Тони Надал за „Марка“, но не пропуштил да го „поткачи“ Ѓоковиќ.
„Кога Ѓоковиќ беше на врвот, имаше среќа што двајцата тенисери кои му задаваа најмногу проблеми, Роџер и Рафа, не беа во најдобра форма“.
Тони Надал го тренира Рафа уште од почетокот на кариерата, но самиот најави дека оваа сезона ќе му биде последна. Во иднина тој ќе се посвети на работата во нивната академија, додека главен тренер на Рафа ќе биде Карлос Моја.
Рафаел Надал годината ќе ја заврши на првото место на АТП-листата, а оваа недела ќе се обиде првпат во кариерата да го освои завршниот мастерс кој се игра во Лондон.