Top Sport

Топење на мразот – руските хокеарки со „жежок“ календар

Руската хокеарска женска лига (ЖХЛ) објави нов календар за 2018 година со насов „Топење на мразот“, на кој имаше 12 професионални хокеарки од седум тимови во лигата, меѓу кои се најдобрите хокеарки на светот.

Фотографиите ги направи Пјотр Титаренко, еден од најпознатите руски фотографи, кој работи а „Воуг“ и „Еле“.

АНА ПРУГОВА (Агидел)

Пругова е голманка на тимот на Агидел и на руската репрезентација, со која освои бронза на СП во 2013 и 2016. Во 2010 таа стана најмладата хокеарка на Олимпијадата во Ванкувер со 16 години.

МАРИЈА ПЕЧНИКОВА (Агидел)

Со поранешниот тим СКИФ, таа стигна до две национални титули. Како дете, нејзиниот татко и подарил хокеарски стап со пораката: „играј хокеј, но те молам не дома“. Таа вели дека, нормално не го послушала.

ОКСАНА АФОНИНА (Арктик-Универзитет)

Афонина игра хокеј од својата седма година, а покрај хокејот игра и бaнди, варијација на хокеј која се игра на мраз со големина на фудбалско игралиште и со две полувремиња од по 45 минути.

ЕВГЕНИЈА ДЈУПИНА (Динамо-Спб)

Дјупина е родена во „хокеарско семејство“, бидејќи нејзиниот татко е тренер по хокеј на мраз. Нејзиниот брат прв почнал со хокејот, но таткото го забележил талентот на Евгенија кога на седум години таа посетила еден негов тренинг.

ДИЈАНА КАНАЕВА (Динапо-Спб)

Канаева е една од најмладите хокеарки на календарот. Таа како јуниор тренираше ритмичка гимнастика, но ја замени лентата и топката со хокеарски стап и лизгалки.

НАДЕЖДА МОРОЗОВА (Бирјуса)

Помлада братучетка на поранешниот НХЛ играч, Алексеј Морозов, кој играше за Питсбург пенгвинс од 1998 до 2004 година. Таа три години го убедуваше семејството да почне со хокејот.

ТАТЈАНА ШАТАЛОВА (Бирјуса)

Откако нејзиното семејство и забрани да стане хокеарка, Шаталова реши да почне со боксот. Тоа ги разубеди родителите и таа беше дел од рускиот тим кој освои бронза на Јуниорското СП во 2017 година.

АНАСТАСИЈА СМИРНОВА (СКИФ)

Смирнова покрај хокеарка е и поранешен модел, и релативно доцна почнува со спортот на мраз – на 19 години. Хокеарка по „случајност“ – тестирала дали спортот е прикладен за нејзината помлада сестра.

ТАТЈАНА ШЧУКИНА (Свердловск)

Почнува со хокејот на 13 години во Подолск, а самата го прашува тренерот дали може да застане на голот. Покрај хокејот се обидува да има и кариера во скијање.

НИНА ПИРОГОВА (Торнадо)

Пирогова во Русија стана славна по учеството во тепачката со чешките хокеарки на четврт-финалето на Јуниорското СП. Омилен спорт и се ММА борбите.

АЛЕВТИНА ШТАРЈОВА (Торнадо)

Штарјова се обиде со пливањето и уметничкото лизгање, но нејзиниот постар брат ја „зарази“ со хокејот. Таа вели дека шест месеци ги убедувала родителите да ја пуштат да тренира.

АНА ШОХИНА (Торнадо)

Шохина е капитен на Торнадо и најдобар стрелец во лигата во 2016/17, како и дел од рускиот тим кој го освои шестото место на Олимпијадата во Сочи во 2014 година.

Scroll to Top