Top Sport

Топло време и влажен воздух во Токио – Путинцева се бореше за здив

Казахстанската тенисерка Јулија Путинцева мораше денеска да го предаде мечот против Надја Подороска од Аргентина од второто коло на олимпискиот тениски турнир во Токио. Путинцева тешко дишеше за 32 степени Целзиусови во Токио, а притоа влажноста на воздухот достигнуваше и над 60%, па таа одлучи да го предаде мечот.

Казахстанската тенисерка го загуби првиот сет со 7-6, но во вториот поведе со 3-1. Сепак не можеше да се избори со топлината на теренот во Токио, па одвај чекаше да се врати во хотелот, велат од нејзиниот тим.

„Беше тежок меч, беше многу жешко при тај-брејкот во првиот сет, па кога го освоив, се почувствував многу подобро. Штета за Путинева затоа што условите навистина беа тешки“ рече по мечот Подороска која во следната рунда ќе се бори со Екатерина Александрова од Русија.

Scroll to Top