Top Sport

Традицијата вели – Надал ќе го освои РГ

Рафаел Надал сигурно чекор кон ново финале на Ролан Гарос. Шпанецот до оваа фаза дојде без да загуби сет, во рамите утриски часови тој во четврт-финалето го победи талентираниот италијански тенисер Јаник Синер со 7/6, 6/4, 6/1.

Рекодерот на Ролан Гарос со 12 освоени трофеи 13 пат во кариерата ќе игра во полу-финалето. Секогаш кога ќе стигне до оваа фаза „Бикот од Мајорка“ ја освојува титулата.

Исто така Шпанецот 34 пат во кариерата избори пласман во полу-финале на грен слем турнирите, пред него се само Новак Жоковиќ (37) и Роџер Федерер (46).

Мечот со Синер беше 100 на Ролан Гарос за Надал. Во кариерата тој само два пати бил поразен на овој грен слем и два пати во чеетврт-финалната фаза од Робин Содерлинг и Новак Ѓоковиќ.

Прптивник на Надал во полу-финалето ќе му биде Аргентинецот Диего Шварцман. Надал во меѓусебните дуели води со 9:1, пред 18 дена во Рим Аргентинецот ја забележа првата победа.

Scroll to Top