Top Sport

Трагедија во Унгарија: На тренинг починал млад борач

Трагична вест го потресе унгарскиот спорт. На тренинг починал репрезентативецот во борење Бендегуз Тот.

22 годишникот починал за време на тренингот во просториите на клубот за кој што настапувал. Унгарските медиуми пренесуваат дека иако реакцијата на лекарите од Итната помош била брза и навремена тие не можеле да му помогнат.

„Не можеме да повредуваме дека повеќе не е со нас. Ништо не укажуваше дека на еден млад човек може да му се случи ваква трагедија. Седеше на грбот на еден од клупските колеги кога му се слоши. Сите се ангажиравме да му помогнеме, за жал не успеавме“, рекол таткото на спортистот Јосеф Тот.

Обдукцијата треба да ја открие причината за смртта на Тот.

Инаку Бендегуз Тот пред два месеци го прележал вирусот Ковид-19.

„Бидејќи имаше симптоми кои укажуваа на коронавирусот две недели беше во карантин. Болеста исчезна во март и потоа заедно со уште неколку спортисти донираше крвна пласма“, раскажал таткото на починатиот Тото.

Младиот борач во кариерата на две европски и светски првенства до 23 години освојувал сребрени медали.

Scroll to Top