Top Sport

Тренерот на Фергусон сигурен: Имаме стапици и нагазни мини за Хабиб

Тони Фергусон ќе има подготвени „стапици и нагазни мини“ кои ќе го „фатат“ Хабиб Нурмагомедов во нивната пресметка за УФЦ појасот во лесна категорија во април, предупредува неговиот тренер Еди Браво.

Непоразениот Нурмагомедов ќе се „судри“ со Фергусон на 18 април во долгоочекуван дуел, кој претходно четири пати беше закажуван, но и откажуван поради повреди и болести на двајцата фајтери. Браво, кој е џиу-џицу тренер, вели дека овојпат Фергусон е подготвен.

„Се подготвуваме за Хабиб долго време и секогаш се подготвувавме за најлошото сценарио. Тој е можеби најдобриот борач во историјата и најтешкиот предизвик во ММА. Но, морате да се потсетите, имаше неколку мечеви на Хабиб, а сум ги гледал сите, каде што не го гледате класичниот Хабиб. Како со Глеисон во 2012, против Рафаел дос Анжос во 2014, каде што јасно победи, но не можеше да ги прави неговите вообичаени потези. Но, ветувам, имаме многу стапици и нагазни мини за него. Знаеме како сака да го води мечот и има тајни кои никој не ги знае. Хабиб ја има мојата почит, милион проценти, тој човек е луд, но и ние сме подготвени“, вели Браво во интервју со Џо Роган.

Scroll to Top