Top Sport

Три тај-брејка, Димитров го елиминира Кирјос

Бугаринот Григор Димитров преку австралиската надеж Ник Кирјос избори пласман во четврт-финалето на Гренд слемот во Мелбурн. Третиот носител осмина-финалната пресметка ја доби со 7:6, 7:6, 4:6, 7:6.

Димитров во текот на поголемиот дел од мечот играше мошне сигурно, беше агресиве, а не ги пропушташе шансите да го нападне противникот кога ќе почувствуваше пад во неговата игра.

Бугаринот направи два брејка бидејќи Австралиецот имаше 36 ас сервиси. Сепак она што реши е бројот на неизнудени грешки, Димитров имаше 25, а Кирјос 54. Двајцата има сличен број на винери (64/76).

Исто така Бугаринот беше смирен во клучните моменти, максимално концентрирано ги одигра трите тај-брејка.

Димитров во четврт-финалето ќе игра против Британецот Кајл Едмунд, кој претходно со 3:1 го победи Италијанецот Андреас Сепи.

Scroll to Top