Top Sport

Тринидад и Тобаго по 14 години го доби златниот медал на 4х100 метри!

По чекање од неверојатни 14 години, 4х100 метри штафетата на Тринидад и Тобаго, денеска, конечно го доби златниот медал од Олимпијадата во Пекинг во 2008 година во седиштето на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) во Женева, Швајцарија.

Арон Армстронг, Кестон Бледман, Марк Барнс, Емануел Календер и Ричард Томпсон ги добија своите медали од претседателот на ИОЦ, Томас Бах, откако златото им беше одземено на Јамајчаните. Јамајка, во состав Јусеин Болт, Асафа Пауел, Мајкл Фрејтер и Неста Картер, доминатно победија во таа трка, поставувајќи нов светски рекорд од 37.10, но медалот им беше одземен во 2017 година поради позитивниот тест на Картер на метилхексеамин. Јамајка се жалеше пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС), но не успеа да годобие случајот. Тринидад и Тобаго го доби златото, Јапонија среброто, а Бразил бронзата.

„Долго чекавме на ова. Требаше да ги добиеме овие медали пред 14 години, но некои работи не беа правилни. Среќни сме што ИОЦ ја корегира работата. Вистинска чест е да си олимписки шампион“, изјави Томпсон.

Scroll to Top