Top Sport

Триумф на Кобајаши на Закопане, прв по декември 2019-та

Јапонецот Рјоју Кобајаши победи на натпреварот во ски скокови кој во рамки на Светскиот куп денеска се одржа во полски Закопане.

Кобајаши до 17-тата победа во Светскиот куп, прва по декември 2019-та, стигна со скокови од 136,5 и 134,5 метри, со вкупно 268,9 бодови.

Второто место му припадна на домашниот натпреварувач Анджеј Стекала со прескокнати 137 и 133,5 метри.

Последното место на подиумот го зазема Норвежанецот Маријус Линдвик со скокови од 133 и 141,5 метри, со 267,8 бода.

Гранеруд води во генералниот пласман со 1.442 бода, Ајзенбихлер е втор со 995 бода, а на третата позиција е Камил Штох со 856 поени.

Натпреварувањето во Закопане ќе продолжи утре.

Scroll to Top