Виктор Троицки, во четвртокот, е промовиран во нов селектор на Дејвис куп репрезентацијата на Србија. Троицки на функцијата го наследи Ненад Зимоњиќ. Управниот одбор на тенискиот сојуз на Србија едногласно го избрал Троицки за нов селектор.
Виктор Троицки неодамна ја заврши кариерата.
Најдобриот пласман во кариерата, на АТП листата, му било 12 место во 2011 година. Во кариерата освоил три титули во сингл, Купот на Кремљ (2010) и турнирот во Сиднеј (2015, 2016).
Најголемиот успех во кариерата го постигнал со националниот тим. Пред десет години Србија ја победи Франција, во финалето во Дејвис купот. Клучниот поен за победата од 3:2, за Србија го освои токму Троицки.
Со Србија на почетокот на годината го освои трофејот на АТП купот.
На функцијата би можел да дебитира за еден месец кога во Мелбурн ќе се игра АТП купот.