Top Sport

Троицки водел 6:1, 5:1 и 40:15 и го загубил мечот

Српскиот тенисер Виктор Троицки (33), на старот на челинџерот во германскиот град Хајлборн го доживеа најтешкиот пораз во кариерата.

Троицки, во моментов 259 на АТП листата, успеал да го загуби мечот од Унгарецот Атила Балаж иако водел 6:1, 5.1 и 40:15. Србинот не реализирал четири меч топки, а потоа му дозволил на противникот да направи сензационален пресврт.

Балаж е 219 на АТП листата, тој вториот сет го добил во тај-брејк, а третиот со 6.3.

Виктор Троицки во кариерата има освоено три титули, а најдобар пласман во кариерата на АТП листата му е 12 место во 2011 година. Со репрезентацијата на Србија има трофеј во Дејвис купот.

Scroll to Top