Јоханес Хесфлет Клаебо ќе биде на сите насловни страници во Норвешка, откако на стартот на Светскиот куп стигна до трета победа едноподруго, комплетирајќи триумф на Тројната круна во Рука, во арктичкиот круг на Финска.
21-годишниот Клаебо, не е непознат во Светскиот куп во крос-кантри скијање, бидејќи веќе ја има спринтерската титула од минатата година, но сега јасно покажа дека ќе биде еден од фаворитите на Олимпијадата во Пјеонгчанг.
Johannes Hoeslfot Klaebo ?? did it again! Watch him win 15 km Classic @rukanordic. After close fight, Didrik Toenseth ??takes 2nd and Iivo Niskanen ??3rd. #rukanordic @SkiNorge @xcteamfin pic.twitter.com/fCatOytrq4
— Cross Country (@FISCrossCountry) November 25, 2017
Клаебо по победата во спринтот и слободната трка, во неделата го победи сонародникот Дидрик Тенсет и финскиот фаворит Иво Нисканен за триуимф на 15 километри класично.
Во Норвешка, каде крос-кантри скијањето е национален спорт, ова предизвика огромно внимание. „Афтенбладет“ го нарече новиот „дијамант“ на норвешкото скијање.
„Денеска бев навистина уморен, но фантастично е чувството повторно да победиш. Сега, дефинитивно ми треба мал одмор“, изјави 21-годишното момче.
Женската тројна трка во Рука и припадна на Швеѓанката Шарлот Кала, која со победа на 10 километри класично ја победи Норвежанката Марит Бјерген и на крајот имаше 9.7 победа во генерален пласман. Бјерген и Кала го менуваа водството повеќе пати, пред Швеѓанката да влезе во напад. Третото место го освои Норвежанката Рагнхилд Хага.
What a race by Charlotte #Kalla and victory in @RukaNordic 10 km Pursuit Free. @SkiTeamSweXC #fiscrosscountry #rukanordic pic.twitter.com/CgVvVyy7bI
— Cross Country (@FISCrossCountry) November 26, 2017