Грчкиот тенисер Стефанос Циципас објави дека раскинал соработка со својот татко Апостолос и повеќе не е негов тренер.
Циципас се реши на овој чекор по шокантната елиминација на Мастерсот во Монтреал, од Кеи Нишикори, играч кој не е ни во топ 500 во светот.
Апостолос Циципас беше покрај својот син во текот на неговата кариера.
„Со тешко срце ве известувам дека мојата соработка со татко ми како тренер заврши. Ќе остане во улога на татко, и тоа само татко“, напиша Циципас на Инстаграм.
Тоа значи дека неговиот татко сепак ќе патува со него на турнири.
„Знам само дека ова поглавје треба да се затвори и да се обиде да се напише ново. Двајцата се договоривме за тоа“, изјави Циципас.
Последната капка беше судирот татко-син во првиот сет на мечот против Нишикори. Во моментот кога губеше со 5:2, Стефанос побара од својот татко да го напушти теренот.