Најдобриот грчки тенисер, Стефанос Циципас смета дека неговиот татко Апостолос е најдобриот тениски тренер на светот, откако неодамна го отпушти и поранешниот австралиски тенисер со грчко потекло, Марк Филипусис.
Циципас честопати беше критикуван токму поради неговиот татко, кој постојано му дава совети додека тој игра, нешто што не е дозволено според правилата на АТП турнејата.
„Тоа што имам повеќе луѓе околу мене ми помага да се фокусирам на најважните работи. Добро соработував со Марк, уште сме во контакт, но тој не ми е ниту соработник, ниту тренер, туку само пријател. Нема подобар тренер од мојот татко Апостолос. Можеби звучам себично, но тој беше секогаш покрај мене, ја напушти својата работа кога имав 12 години. Секој ден е подобар, среќен сум што ме учи. Тој е скромен и разбира дека не е совршен, но не е некој случаен тренер“, вели Циципас.
Целта останува освојување на гренд слем титула, но грчкиот тенисер вели дека нема да тагува ако не стигне никогаш до неа.
„Секој тенисер сака гренд слем титула. Мислам дека поради таа желба играв лошо во минатото. Без разлик далли ќе освојам некогаш, јас сум задоволен. Нема да биде крај на светот и без таков трофеј“, додава Гркот.