Top Sport

„Тур д’Франс“ без Фрум и Томас

Челниците на британскиот тим „Инеос“ решија адут на тимот на годишеното издание на „Тур д’Франс“ да биде победникот од минатата година Еган Бернал.

Јавноста е изненадена што без места во тимот, за најзначајната трка во сезоната, ги изгубија Крис Фрум и Герејнт Томас.

Фрум четири пати победувал на трката околу Франција, тој успеа да се врати во „Инеос“ по тешката повреда. Фрум од наредната сезона ќе вози за израелскиот тим „Старт-Ап нејшн“.

Британецот ќе настапи на трката околу Шпанија, Вуелта, која на програмата е од 20 октомври до 8 ноември, додека Томас ќе се трка на „Џиро д’Италија“.

Scroll to Top