Top Sport

Уапсен додека се допингувал (Видео)

Репрезентативецот на Австрија во скијачко трчање, Макс Хауке, бил фатен во моментот кога се допингувал. Хауке и уште четворица негови колеги пред неколку дена беа уапсени. Иронично е што 27-годишниот Хауке исто така е полицаец.

Хауке бил фатен на дело, односно кога му била вбризгувана свежа крв, што во светот на спортот се смета за допинг.

Полицијата, во петокот, објави видео снимка од допингувањето.

„Ова е грозно. Тешко е кога ќе го гледата ова. На ваквите работи не им е место во спортот. Не знаев дека ова го прави“, рекол тренинг-партнерот на Хауке, Ендрју Јанг и дополнил.

„Тешко е да опишам како се чувствувам откако мојот пријател беше фатен во измама. Не го мразам, но повеќе не сакам да го видам во нашиот спорт. Не можете да се вратите кога веќе сте го направиле ова“.

Хауке и останатите биле уапсени непосредно пред трката на Светското првенство. Наскоро ќе се појават пред судот. Сигурно е дека ќе добијат повеќе годишна суспензија.

Scroll to Top