Top Sport

Убав гест на Надал – сам ја рамни омилената подлога (видео)

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал со полна пареа се подготвува за продолжението од сезоната, тоа го прави во родната земја.

Тој бил снимен како работи тренинг на земјена подлога, неговата омилена, а откако завршил со тренингот, направи нешто што ретко кој од тенисерите во Топ 10 на АТП листата би го направил.

Рафа излезе толку голем господин што сам го чистеше теренот, не ги чекаше тоа да го сторат луѓето што се за тоа задолжени.


Во одговор на оваа снимка се појави и фотографија од Роџер Федерер кој исто така со метла ги чисти линиите на терен со земјена подлога.

Scroll to Top