Top Sport

Убавата руска борачка загина откако ајфонот и падна во када!

Руската тинејџерка, Ирина Рибникова загина на бизарен начин во својот роден град Братск, откако ајфонот кој и се полнел и паднал во вода и таа добила струен удар.

15-годишната Рибникова беше руска шампионка во панкратион, антички боречки спорт во кој се меша борење и бокс, и беше дел од националниот тим.

Нејзината 25-годишна сестра Татјана за весникот „Комсомолскаја правда“ изјави дека таа сонувала да стане светски шампион.

„Срцата ни се скршени. Во август беше кума на мојата ќерка и сонуваше да стане светска шампионка. Сите сме во тага“, изјави Татјана.

Scroll to Top