Top Sport

„Убавицата и ѕверот“ – свадбата на Серена Вилијамс

Американскиот магазин „Воуг“ го имаше ексклузивното право да ги објави фотографиите од свадбата на 23-кратната гренд слем шампионка, Серена Вилијамс со ко-основачот на „Редит“, Алексис Оханијан.

Свадбата се одржа во „Центарот за современа уметност“ во Њу Орлеанс во приватна церемонија со мотив од „Ѕверот и убавицата“.

„Алексис сакаше да одиме во Њу Орлеанс, бидејќи тоа е неговиот омилен град покрај Њујорк. Таму има европско влијание – забавно е, а има и одлична храна. Центарот за современа уметност беше одличен бидејќи двајцата сакаме уметност“, вели Серена во интервју за „Воуг“.

Покрај двомесечната ќеркичка Алексис Олимпија Оханијан Јуниор и Венус Вилијамс, имаше уште многу славни гости.

 

Scroll to Top