Top Sport

Убиен е еден од најдобрите спринтери на 200 метри!

Спринтерот Алекс Кињонес (32) е убиен со огнено оружје во татковината, соопштија од еквадорското Министерсво за спорт.

Убиениот атлетичар чија специјалност беа трките на 200 метри се закити со бронза на СП во 2019 година во Доха. Тој е најдобриот спринтер во историјата на Еквадор.

Кињонес бил пронајден мртов синоќа околу полноќ, а при нападот починал и негов пријател.

На Твитер почит на загинатиот спортист му оддаде претседателот на Еквадор, Гиљермо Ласо:

„Наше најдлабоко сочувсто на семејството. Оние кои одземаат животи на Еквадорци, нема да останат неказнети. Ќе делуваме со сила“.

Кињонес беше и во финалето на 200 метри на ОИ во Лондон во 2012 година, но годинава не беше дел од ОИ во Токио.

Scroll to Top