Колумбискиот репрезентативец во кревање тегови Едвин Москера Роа (32) бил убиен во кафетерија во градот Палмира, кој се наоѓа на југоистокот на земјата.
Според изјави на очевидци, колумбиските медиуми пренесоа дека Москера седел покрај шанкот кога се појавил човек, кој најпрвин му пукал во ногата, а потоа и во главата на несреќниот спортист.
El levantamiento de pesas está de luto. Edwin Mosquera Q.E.P.D. destacado deportista que en los pasados Juegos Olimpicos Rio 2016 representó a #Colombia falleció el día de ayer. Nuestras más sentidas condolencias a sus familiares y amigos. #PesasColombia #levantamientodepesas pic.twitter.com/6gUKJiob6D
— FEDEPESASCOL (@FEDEPESASCOL) December 3, 2017
Полицијата понудила 10 милиони пезоси (3.337 американски долари) за каква било информација за убиецот.
Едвин Москера Роа цела деценија настапувал на големите натпреварувања. Во кариерата освоил два златни медала на Панамериканските игри, а Олимписките игри во 2008 година ги пропуштил поради повреда на коленото. На минатите Олимписки игри во Рио де Жанеиро во својата категорија го освоил петтото место.