Американскиот професионален ММА борец Ерик Андерс на Инстаграм ја покажа повредата што ја добил поради несмасна употреба на моторна пила. Андерс, кој почна да се занимава со борби по обидот да се пробие во американскиот фудбал, покажа како изгледа неговиот десен зглоб пред и по медицинскиот третман.
Андерс се бори во УФЦ од 2017 година. Во таа промоција влезе по осум врзани победи во ММА кариерата, а сега соодносот му е 14-6-1.
Во објавата за повредата напиша: „Моторните пили не се направени за левучари“.
View this post on Instagram