Top Sport

УФЦ борец скокна на глава во замрзнато езеро, излезе крвав!

УФЦ борецот Мераб Двалишвили заврши во болница поради бизарна повреда.

Еден од најдобрите ММА борци во бантам категорија по кондициски тренинг, стигнал до мало езеро. Одлучил да скокне и да плива, но водата била замрзната, па заработи повреда на главата.

„Мислев дека ќе имам сјаен ден за тренинг и трчање. Тогаш здогледав езеро за кое мислев дека е покриено со снег. Тоа било заледено“ напиша Двалишвили на Инстаграм каде што објави видео од целата случка.

Во кариерата 30-годишниот борец има 12 победи и 4 порази.

Scroll to Top