Top Sport

УФЦ: Џон Филипс го „уништи“ дебарчанецот Амедовски за 14 секунди (видео)

„Велшката машина за уништување“, Џон Филипс во четвртиот УФЦ меч стигна до својата прва победа, откако на УФЦ Копенхаген го нокаутираше дебарчанецот Ален Амедовски за само 14 секунди.

Филипс, кој е поранешен боксер, имаше три порази во претходните три настапи во октагонот, но насмеаниот Велшанец, кој во својата татковина е вистинска ѕвезда, доби нова шанса и овојпат ја искористи за со два силни удари да го заврши мечот.

Scroll to Top