Top Sport

УФЦ: Џонс сигурен дека мечот со Миочиќ ќе биде негов последен

УФЦ легендата, Џон „Боунс“ Џонс вели дека по борбата за титулата во тешка категорија против Стипе Миочиќ во „Медисон сквер гарден“ оваа година, не би имал други цели во кариерата и би се повлекол од спортот.

Џонс оваа година имаше триумфално враќање во УФЦ, победувајќи го Сирил Ган на УФЦ 285, но мега-мечот со Френсис Нгану не се договори, откако Камерунецот ја напушти УФЦ федерацијата.

„Мислам дека мечот со Стипе ќе биде доволен за мене. Немам што да докажувам откако ќе го победам Миочиќ. Тука сум долго време, веќе сум стар човек. Имам мали повреди и сакам да се посветам на семеејството, да бидам тука за моите деца и да имам добра глава на рамењата. Горд сум на тоа што го остварив. Единствено што би ме убедило е меч со Френсис Нгану, кој би донел доста пари и би вредел за мене. Тој е популарен тука во САД и можеме да се договориме за многу пари. Голем ризик, голема добивка“, вели Џонс во интервју за „Фокс“.

Scroll to Top