Top Sport

УФЦ: Емет го доби „трилерот“ и покрај скинатите лигаменти (видео)

Додека главниот меч Блејдс-Волков ги разочара фановите, но и шефот на УФЦ, Дејна Вајт, пресметката во перо категорија меѓу Џош Емет и Шејн Бургос од друга страна беше најдобриот меч на УФЦ Фајт најт во Лас Вегас.

И покрај тоа што призна дека има скинати лигаменти во коленото, Емет успеа во 15 минути битка да стигне до победа на поени со 29:28, 29:28, 29:27 за трет триумф во низа.

„Тој е цврсто момче и му посакувам само добри работи. Респект!“, изјави Емет.

Бургос почна фуриозно со удари со раце и нозе, додека Емет врати со своите моќни удари, кои Бургос некако успеа да ги изддржи. Двојката продолжи со фуриозното темпо и вовтората рунда, пред Емет да ја преземе контролата и да не му дозволи на Бургос да се врати.

Scroll to Top