Top Sport

УФЦ фајтерот Киеза го тужи Конор Мекгрегор за „ментална траума“

Конор Мекгрегор ќе мора да се појави на суд откако неговиот УФЦ ривал, Мајкл Киеза реши да го тужи за нападот на автобусот во Њујорк кој му оставил „ментална траума“.

Мекгрегор и неговите другари шокантно го нападнаа автобусот во кој беше Хабиб Нурмагомедов и други УФЦ борачи во Њујорк во април, за што беше уапсен, но помина само со јавно корисна работа по трите обвиненија.

Киеза, кој беше „невин“ во целата фарса, мораше да се откаже од мечот со Ентони Петис два дена подоцна поради исечениците кои ги доби на лицето, и сега го тужи Мекгрегор за „сериозни емотивни нарушувања, ментална траума и физичка повреда“, а на суд ќе бидат и луѓето од „Барклис центарот“ каде што се случи инцидентот бидејќи не обезбедиле доволно обезбедување за Киеза.

Мекгрегор пак, и покрај овој вандалски чин, веќе се подготвува за мега-дуелот со Нурмагомедов, негов прв УФЦ меч од 2016 година.

Њујоршката полиција со потерница за Конор Мекгрегор (видео)

Scroll to Top