Џастин Гетџи го победи Доналд Серон со технички нокаут по 4:18 во првата рунда на УФЦ Ванкувер, откако прво го прати на подот со силен удар со десната рака, по што со три аперкати и уште еден удар со десната рака го заврши мечот. Гетџи имаше уште два удари додека Серон беше долу пред судијата да го прекине мечот.
Со оваа победа, Гетџи е фаворит за борба за УФЦ титулата во лесна категорија против победникот од потенцијалниот дуел на шампионот Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон, и самиот изјави дека не е заинтересиран за Конор Мекгрегор.
„Ирецот е во пензија. Сакам вистински фајтер. Победникот од дуелот меѓу Тони и Хабиб. Конор нема да се бори, но ако сака ќе го уништам. Тој удри старец во фаца. Сакам да го уништам поради тоа“, изјави Гетџи.
Гетџи доминираше против Серон – имаше 40 удари во споредба со 17 на противникот, удирајќи со рацете и нозете, но Серон изјави дека судијата прерано го прекинал мечот. Гетџи (21-2) сега има три победи во низа, сите во првата рунда.
Justin Gaethje with a 1st round TKO of Donald “Cowboy” Cerrone!
The favorite comes through! pic.twitter.com/mvdPFrLEQ8
— BetOnline.ag (@betonline_ag) September 15, 2019