Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт утре ќе почне со преговорите за идните мечеви на Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов, со потајна желба за ри-меч на двете најголеми ѕвезди во лесната категорија.
Нурмагомедов би требало да ја брани својата титула против преоднипт шампион Џастин Гетџи, кој минатата недела го освои појасот со доминација над Тони Фергусон. Мекгрегор, кој го победи Доналд Серон во првиот меч од камбекот во јануари, би се борел со подобриот од тој дуел, но само доколку го добие вториот меч, кој ќе биде главна тема на состанокот.
„Се враќаме во канцеларијата следната недела и од вторник почнуваме со средување мечеви. Тоа е нашата работа“, вели Вајт.
Мекгрегор претходно инсистираше дека тој ќе е бори со Гетџи во јули, предвидувајќи повлекување на Хабиб, но Вајт инсистираше дека 33-годишниот Гетџи ќе добие меч со 31-годишниот Хабиб.
„Ќе мораме да имаме меч Хабиб-Гетџи во септември. Ќе видиме што ќе се случи со Конор, но тоа ќе го решиме во канцеларија“, додава Вајт.