Контроверзната американска УФЦ ѕвезда, Колби Ковингтон ги нападне првите луѓе на УФЦ за одлуката да откажуваат мечеви поради пандемијата на корона вирусот, оценувајќи дека: „тепачките се поопасни од мал грип“.
УФЦ ги откажа следните три свои случки, вклучувајќи го УФЦ Лондон, Колби преку видео-порака соопшти дека е подготвен да се бори со Американецот Тајрон Вудли, кој во Лондон требаше да се пресмета со Британецот Леон Едвардс.
„Луѓето го сакаат овој меч, ајде да ја спасиме Америка, кучко! Тајрон Вудли не прифати меч со мене бидејќи му е страв. Ние сме здрави, млади професионалци. Веќе правиме нешто што е доволно опасно, во октагонот, така што не треба да се плашиме од малиот грип, нели? Луѓето нека внимаваат, нека ги мијат рацете, нека се дистанцираат… Но, ние како професионални спортисти сме веќе под ризик“, вели Ковингтон во интересно видео покрај една девојка во бикини.