Top Sport

УФЦ: „Лавицата“ Нунеш и го скрши носот на Пенингтон, па ја повика на пиво (видео)

Аманда Нунеш ја одбрани својата титула во бантам категорија на УФЦ 224 во Рио де Жанеиро, откако апсолутно доминираше против Ракел Пенингтон пред да ја нокаутира во петтата рунда.

Бразилката пред домашната публика ја „уништи“ Пенингтон во првите две рунди, но Американката не се предаде и влезе во „клинч“ со Нунеш во третата и четвртата рунда, пред судијата да го прекине мечот откако Нунеш и го скрши носот на Американката и ја „стресе“ со низа удари во шестата рунда.

По мечот, Нунеш покажа огромна почит кон Пенингтон, повикувајќи ја нејзината свршеница, Тесиа Торес во октагонот, и изјави дека ова бил најтешкиот меч во кариерата поради пријателството со двете девојки.

„Ми беше многу тешко, но морав да го одбранам појасот. Сега, пак сме пријатели и ќе одиме на пиво“, изјави Нунеш.

Во другите мечеви, Кевин Гастелам на поени го совлада Роналдо Жакаре Соуза, иако Бразилецот беше блиску до нокаут во првата рунда.

Витор Белфорт во својот последен меч во УФЦ рингот, беше нокаутиран од Лиот Мачида, додека со нокаут заврши и дуелот меѓу Џон Линекер и Брајан Келехер.



Scroll to Top