Поранешниот УФЦ шампион Мајк Пери го победи на поени Мики Гол во меч на УФЦ на ЕСПН 12 во саботата во Лас Вегас, во меч кој предизвика бура на реакции, откако Пери реши во совјот агол да ја има сопствената девојка, Латори Гонзалез, која не се покажа како голем стручњак, но го храбреше со зборовите: „Одличен си! Само така!“.
И покрај ова, тој го имаше еден од најдобрите мечеви во кариерата, доминирајќи над Гол во поголемиот дел од мечот, а потоа успеа да брилјира и во интервјуто по мечот, обраќајќи се на американската влада со барање да ги намали даноците.
„Ќе треба да платам некои сметки, некои долгови. Исто така ќе треба да одам кај даночниците да ми ја намалат сумата бидејќи лани платив над 100.000 долари во даноци, а сега ми бараат уште. И така се борам за минимална плата“, изјави Пери.
We head into the corner of Mike Perry. #UFCVegas4 pic.twitter.com/2KPOMrSeio
— UFC (@ufc) June 28, 2020
The love story has arrived to the Octagon ? #UFCVegas4 pic.twitter.com/KSbBs91gtJ
— UFC (@ufc) June 28, 2020