УФЦ мечот на Американката Аспен Лед овој викенд е откажан, откако таа беше забележана како неконтролирано се тресе на мерењето, најверојатно поради гладување за да ја достиге потребната тежина.
Лед, која е треторангирана во бантамкатегоријата и има 9-1 скор, требаше да влезе во октагонот против Мејси Кијасон (8-1) а УФЦ Фајт Најт во Лас Вегас, каде што главниот меч е помеѓу Тијаго Сантош и Џони Вокер.
26-годишната Лед прво мораше да се соблече гола за да ја достигне потребната граница од 135 фунти (околу 67 килограми), откако во првото мерење имаше 141.5 фунти. По ова таа забележително се тресеше пред камерите и имаше среќа што не ја загуби свеста.
Еден час подоцна, УФЦ потврди дека мечот нема да се оддржи.
Aspen Ladd weighs 137. #UFCVegas38 pic.twitter.com/FCOQCMTTjN
— Helen Yee (@HelenYeeSports) October 1, 2021