Стипе Миочиќ и Даниел Кормиер ќе се сретнат по третпат во октагонот во сабота на УФЦ 252 во „Ејпекс“ центарот во Лас Вегас, каде што Американецот со хрватско потекло ќе се обиде да ја сочува својата титула во тешка категорија.
Пожарникарот Миочиќ (13-3) не сакаше да реагира на тврдењето на претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, дека победникот ќе биде прогласен за најдобар тешкаш во историјата, и вели дека е сосема среќен да дозволи Кормиер (11-2) да го има главниот збор.
„Мене ми е добро. Нека го земе цело внимание, воопшто не ми пречи. Јас ќе чекам на страна и ќе видиме што ќе се случи во кафезот“, вели Миочиќ, кој ќе стане првиот фајтер во УФЦ историјата кој се соочил со истиот противник во три меча едноподруго.
Кормиер го доби првиот меч против Миочиќ да му ја одземе титулата во тешка категорија, пред Миочиќ да се реваншира минатиот август.
37-годишниот Кормиер ги отфрли најавите дека ќе ја освои титулата и ќе замине во пензија.
„Да, размислувам за пензија од моето деби на УФЦ 136. Кога нема да се забавувам, тогаш ќе одам во пензија. Ќе видиме колку ќе изддржам. Не знам дали ќе одам до 40“, вели Кормиер.
View this post on Instagram
Who leaves as the heavyweight ?? ?@StipeMiocic vs @DC_MMA – Legacy is on the line! #UFC252