Top Sport

УФЦ: Мухамад доминираше против Луке и го предизвика Ковингтон

Белал Мухамад чекаше пет и пол години за да добие шанса да му се одмазди на Висенте Луке, доминирајќи во главниот меч на УФЦ Вегас 51 за победа на поени.

Луке во ноември 2016 година го нокаутираше Мухамад по само 79 секунди во кафезот, но овојпат беше доминантен во текот на целиот меч победувајќи со 49:46, 49:46 и 48:47 на поени за да стане еден од фаворитите за титулта во велтер категорија.

„Знаев дека ова е мојот најголем предизвик и покажав дека можам против најдобрите, без разлика дали во борењето, во ударите или на подот“, вели Мухамад.

Американецот сега има серија од осум победи и веднаш го предизвика Колби Ковингтон на меч.

„Нема да го повикам шампионот, бидејќи не ми го даваат тој меч. Но наместо тоа ќе одам по Карен со големата уста, Колби Ковингтон, ако не е кукавица. Јас сум вистински фајтер и победувам. Не сум некој Хорхе Масвидал со два порази, не сум Тајрон Вудли со пет порази. Дојди по вистинскиот предизвик, кукавицо“, изјави Мухамад.

Scroll to Top