УФЦ подготвува спектакуларен меч за титулата во тешка категорија. Актуелниот шампион Даниел Кормиер ќе го брани појасот против Дерик Луис.
Според она што е соопштено мечот за титулата ќе се одржи на 3.ноември во Њујорк, ан УФЦ 230 спектаклот.
Инаку, Луис минатата сабота имаше борба против Александар Волков во Лас Вегас. Луис на десет секунди до крајот на борбата го нокаутира својот противник.
Кормиер прв пат ќе ја брани титулата која ја освои на почетокот на јули оваа година, кога во фантастичен меч го победи Стипе Миочиќ.
Одлуката на УФЦ за титулата да се борат Кормиер и Луис нема да наиде на одобрување кај Моичиќ, бидејќи тој по поразот во јули веднаш побара реванш.