Top Sport

УФЦ не му понудиле 15 милиони долари на Нурмагомедов

Дана Вајт првиот човек на УФЦ се огласи по повод пишувањата дека оваа организација му понудила 15 милиони долари на Хабиб Нурмагомедов доколку му овозможи реванш на Конор Мекгрегор.

Руските медиуми, вчера, ја објавија информацијата дека УФЦ понудил 15 милиони долари, но Нурмагомедов ја одбил понудата. Според тие извори Дагестанецот не бил заинтересиран повторно да се бори со Мекгрегор, туку на луѓето од УФЦ им порачал дека сака борба со Тони Фернандез.

По борбата со Фернадез, Нурмагомедов би заминал в пензија.

Откако информацијата од Русија предизвика голем интерес во светот, првиот човек на УФЦ, Дана Вајт, со краток коментар на „Твитер“.

„Оваа вест е ср..е број 1“.

Scroll to Top